Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2016

ФИФА за нов Мундијал: 48 екипи и „пред-плејоф“

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека организацијата планира нов формат на натпреварување за Светското првенство во фудбал 2026 година, и тоа со 48 репрезентации.

Како што објасни, 32 тима би играле едно коло на елиминации пред почетокот на турнирот, по што 16-те победници со 16-те веќе квалификувани тимови би ги формирале групите. Иако тоа звучи само како некаков дополнителен бараж, Инфантино смета дека на Мундијалот му е потребна промена.
Новиот формат со тоа би ја задржал групната фаза со 32 екипи, а продолжението на турнирот би се играло како и досега.
Новиот претседател на светската куќа на фудбалот претходно се залагаше за турнир со 40 екипи, но вчера изјави дека тоа не би функционирало.
Во дел од фудбалската јавност жестоко е критикувана одлуката на УЕФА да го прошири Европското првенство, па овогодишното е критикувано како досадно и разводнето, а  Јоахим Лев, селекторот на Германија, пред неколку дена изјави дека зголемувањето на бројот на екипите на Светското првенство негативно би влијаело врз квалитетот.
Предлогот за новиот формат како и кандидатурите за домаќинство ќе бидат разгледани за десетина дена во Цирих, на заседанието на Советот на ФИФА.

 

Најнови вести