Корисничко име Лозинка Пријави се
06.10.2016

Ливерпул сака да купува од Интер

Ливерпул ја разгледува можноста во јануарскиот преоден рок во своите редови да го доведе Жофреј Кондогбија, играчот на Интер, пренесоа британските медиуми.

Францускиот играч за врска, кој во јуни потпиша петгодишен договор со Интер, не беше во тимот на Франк де Бур на последните два натпревари.
Де Бур неодамна го критикуваше Кондогбија изјавувајќи дека 23-годишниот играч често ги прави истите грешки.
Кондогбија во Интер стигна во 2015 година од Монако, а пред тоа настапуваше за Севилја и Ленс.

Најнови вести