06.10.2016 Челзи не се откажува: Нуди 60 милиони за Бонучи
Лондонскиот Челзи го обнови интересот за Леонардо Бонучи и подготвен е во јануари да понуди 60 милиони фунти за трансфер, пренесува британскиот „Телеграф“.
Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, изјави дека менаџерот Антонио Конте инсистира да дојде Бонучи, со кого успешно соработуваше во Јувентус и во репрезентацијата на Италија, за да ги реши проблемите во одбраната.
Доколку Бонучи направи трансфер во Лондон, ќе стане најплатениот дефанзивен играч во историјата на фудбалот и ќе го сруши сегашниот рекорд на Давид Луиз, стоперот на „сините“, кој токму од Челзи отиде во ПСЖ за 50 милиони фунти, но ова лето се врати.
Челзи оваа сезона во англискиот шампионат прими девет голови на седум натпревари, одбраната повеќе пати киксираше, а на удар најмногу се најдоа Бранислав Ивановиќ и Гери Кејхил.
На Ивановиќ договорот му истекува на крајот на сезоната, Џон Тери наскоро полни 36 години, покрај Кејхил, не е одличен ниту Давид Луиз, па доаѓањето на Бонучи ќе претставува вистинско засилување.