Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2016

За Икарди зголемување, бонуси и цена од 110 милиони евра

Интер успеа да го задржи Мауро Икарди, капитенот го продолжи договорот до летото 2021 година.

„Нераѕурите“ им одолеаја на бројните понуди изминатото лето, а се шпекулираше за премиерлигаши и Наполи.
Икарди доби зголемување, па со 5,5 милиони евра по сезона ќе биде најплатениот играч на Интер и еден од најплатените во Серија А.
Но многу поголема причина за задоволство ќе има поради бонусите коишто ги вклучува договорот, а главна е таа дека на секои десет постигнати голови ќе добива по 200.000 евра.
Аргентинецот, кој во Интер дојде од Сампдорија во 2013 година, постигна 58 голови во изминатите три години за „нераѕурите“, па нема сомнение дека многу ќе ја зголеми својата сметка благодарение на погодоците, ако продолжи да игра во ист ритам.
Покрај тоа, секој пласман на Интер во Лигата на шампионите ќе му донесе уште 200.000, а титулата во Серија А 150.000 евра. Ќе профитира и од евентуално освојување на Купот на Италија, 50.000 евра.
Интер од потенцијалните понуди на клубовите од странство се заштити со откупна клаузула која изнесува 110 милиони евра, што би било нов рекорд доколку одлучи некој да плати.

Најнови вести