Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2016

Сања ги пропуштa Барселона и Јунајтед

Бакари Сања, фудбалерот на Манчестер сити, ќе отсуствува од теренот три седмици поради повреда, соопштено е на интернет-страницата на клубот.

Сања ќе паузира поради повреда на задниот дел на бутниот мускул на натпреварот на репрезентацијата на Франција против Бугарија (4-1) во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Тој ќе ги пропушти сите натпревари на „граѓаните“ во октомври, меѓу кои се дуелите со Евертон и Вест Бромич албион во Премиер лигата, но и со Барселона во Лигата на шампионите и со градскиот ривал Манчестер јунајтед во Лига купот.
На местото на Сања, шанса во стартната постава повторно ќе добие Пабло Забалета.

Најнови вести