Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2016

Погба: Ја плаќам цената на другата позиција

Пол Погба, фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, изјави дека сè уште учи како да се прилагоди на работата на тренерот Жозе Мурињо.

Францускиот репрезентативец ова лето се врати на „Олд Трафорд“ за рекордни 105 милиони евра, но во неговиот клуб од него беше побарано во сегашната постава на Јунајтед да ги заузди своите напаѓачи инстинкти.
Од Погба обично се бара да ја исполнува улогата играч за врска од задниот ред во формацијата на Мурињо 4-2-3-1, така што во досегашните осум натпревари за Јунајтед постигна само еден гол, против Лестер.
„Се обидувам да се прилагодам. Јас сум играч кој преферира да игра напред. Тренерот ми даде упатства и се обидувам да ги следам. Морам да се изборам за топката и да учествувам во одбраната. Ја плаќам цената на играњето на друга позиција. Морам да играм, да бидам таму за да ја освојам топката и да играм повеќе за тимот“, изјави Погба.
Погба во репрезентацијата на Франција беше поставен напред во натпреварот против Холандија во квалификациите за Светското првенство и веднаш му се одолжи на тренерот Дидие Дешамп со победнички гол во Амстердам.

Најнови вести