Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2016

Рибери: Гриезман сè уште не е светска класа

Франк Рибери, крилниот напаѓач на Баерн од Минехн, изјави дека неговиот земјак мора да продолжи да игра на сегашното ниво за да го сметаат за играч од светска класа.

Антоан Гриезман процвета во Атлетико од Мадрид, блескаше на Европското првенство, па е еден од кандидатите за Златната топка.
„Гриезман беше одличен минатата сезона, но мора да игра така во континуитет ако сака да биде светска класа. Луѓето брзаат да заклучат дека некој е фантастичен играч и дека ја заслужува Златната топка само по една сезона. Не се согласувам со тоа“, изјави Рибери.
„Според мое мислење, мораш да се докажуваш во текот на 10, 12 или 15 години ако сакаш да им припаѓаш на најдобрите. Направи го тоа и од срце ќе ти честитам. Лично можеби отсуствував девет месеци поради повреда, но речиси секогаш играм на највисоко ниво во претходните десет години“, додаде играчот на Баерн.
Гриезман и оваа сезона продолжува со одличните игри, веќе постигна шест гола во Примера лигата, па ќе видиме дали во иднина ќе ги задоволи критериумите на Рибери.

Најнови вести