Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2016

Пике: Ван Хал ме уништи

Жерар Пике, фудбалерот на Барселона, изјави дека Луис ван Хал го уништил додека го водел каталонскиот клуб.

Шпанецот изјави дека Холанѓанецот му велел дека не е доволно силен да игра за Барселона.
Пике беше во младите категории на Барселона кога Ван Хал беше тренер на првиот тим, кога очигледно не го препознал потенцијалот на младиот шпански фудбалер.
„Ме туркаше, ме фрлаше на под, ми велеше дека не сум доволно силен да бидам играч на Барселона. Ме уништи. Во Барселона не трениравме во сала за вежбање пред 18 години. Беше многу тешко“, изјави фудбалерот на Барселона.
Пике потоа направи трансфер во Манчестер јунајтед, а во матичниот клуб се врати во 2008 година и оттогаш одигра 300 натпревари во сите натпреварувања и му помогна на својот тим да стигне до многу трофеи, вклучувајќи шест национални шампионски титули и три во Лигата на шампионите.

Најнови вести