Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Вардар и Металург сигурни во Лигата на шампионите

Вардар го победи ПИК Сегед со резултат 30-27, па и понатаму останува една од трите екипи во Лигата на шампионите со максимален учинок во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Вардар и лани имаше четири последователни победи во Лигата на шампионите, а сезонава има 11 победи по ред во 12 одиграни натпревари.
ПИК Сегед е екипа против која тешко се стигнува до победа, но вардарци на крајот се радуваа на бодовите, со кои остануваат на самиот врв во борба за првото место. По победата над Веспрем во СЦ „Јане Сандански“, сега беше совладан и унгарскиот тим.
Пик Сегед уште од стартот на натпреварот играше релаксирано на гостински терен и му даваше отпор на противникот. Вардар почна со одбрана 5-1, која не функционираше најдобро, а Унгарците имаа добро решение за нападите на македонската екипа. Гостинот водеше со 5-3 уште во деветтата минута, но по извесен период се играше гол за гол. Во последните десет минути од првото полувреме ПИК Сегед повторно водеше со 11-10, па зголеми на 15-13 во 28-мата минута.
Потоа Кањелас и Дибиров израмнија на 15-15, а во последните секунди од првиот дел Лука Циндриќ погоди за водство на македонскиот тим од 16-15.
Во следното коло, на 22-ри октомври  Вардар ќе гостува кај ППД Загреб.
Во другиот натпревар, Металург одигра брз натпревар и заслужено му нанесе пораз на големиот фаворит во групата Ц. Тој ја совлада Ла Риоха со 24-23 (11-9), на која ова ѝ е прв пораз во тековната Лига на шампиони.

 

Најнови вести