Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Фиорентина му порача на Соуза – три победи или отказ

Пауло Соуза, тренерот на Фиорентина, наводно е условен да победи на наредните три натпревари, пренесоа италијанските медиуми.

Соуза ќе мора да го победи Слован Либерец во Лигата на шампионите, а потоа и Калјари и Кротоне во Серија А ако сака да го задржи местото тренер на тој клуб.
Фиорентина вчера одигра без голови на домашен терен со Аталанта, со многу лоша партија, па по осум кола, се наоѓа дури на 14-тото место, со натпревар помалку.
Незадоволство изразија навивачите, но и челниците на клубот од Фиренца.
Стефано Пиоли, поранешниот тренер на Лацио, наводно е прв кандидат да го замени португалскиот стручњак на клупата на Фиорентина.

Најнови вести