Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Баерн три седмици без Рибери

Франк Рибери, фудбалерот на Баерн од Минхен, ќе отсуствува од теренот две до три седмици поради проблеми со повредата на мускулот, соопшти шампионот на Бундеслигата.

Баерн не прецизираше за каква повреда станува збор.
Рибери не го заврши вчерашниот тренинг и сигурно ќе му бидат од потребни 14 дена до три седмици пред да се врати на теренот, се наведува во соопштението.
Францускиот фудбалер поради тоа ќе го пропушти натпреварот со ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите во среда, како и натпреварoт против Менхенгладбах во првенството, а неговиот настап во дуелот против Аугсбург на 29-ти октомври е неизвесен. Во тимот на Баерн се врати Холгер Бадштубер, прв пат по десетти февруари, откако закрепна од повредата на левото стапало.

 

Најнови вести