Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Клоп: Не е ова пресметка меѓу Клоп и Мурињо

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, се обидува да го сврти вниманието кон себе и кон Жозе Мурињо пред дуелот со Манчестер јунајтед вечерва (21 часот) на „Енфилд роуд“.

Во претходните пет дуели, Клоп четири пати славеше против Португалецот, но пред првата средба како тренери на „црвените“ и на „црвените ѓаволи“ изјави дека тоа не е нивна лична битка.
„Уште претходно кажав, ова не е Мурињо против Клоп, тоа би го направило натпреварот полесен. Тој е многу успешен и искусен колега, разговаравме порано пред натпреварите, посебно кога го водеше Реал Мадрид. Секогаш е тешко против него бидејќи има одлични екипи зад себе. Тој секогаш претставува голем предизвик, а така е и сега. Ливерпул и Јунајтед се борат за трите бода, тоа е сè што ни е потребно“, изјави Клоп.
Ливерпул има три бода повеќе од Јунајтед, од кого Клоп изгуби во првото дерби на коешто учествуваше, со 1-0 на „Енфилд роуд“ минатата сезона, но го исфрли најголемиот ривал во осминафиналето на Лигата на Европа.
„Тоа е сега тимот во којшто се Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ, што значи сигурно не е послаб од мината сезона. Но јас сум оптимист, ќе биде фантастична атмосферата, очекувам да видам одличен фудбал“, изјави Германецот.

 

Најнови вести