Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Американец го купи Олимпик од Марсеј

Олимпик од Марсеј официјално е продаден на американскиот бизнисмен Френк Мекорт, со кого во Париз е потпишан купопродажниот договор.

Преземањето на клубот од страна на Мекорт и доаѓањето на Жак-Анри Еро за нов претседател ќе означи почеток на нова фаза и крај на владеењето на семејството Луис-Драјфус, коишто го водеа клубот во последните 20 години.
Преговорите со сега поранешната сопственичка Маргарет Луис-Драјфус и застапниците на Мекорт се одвивале во њујоршката адвокатска канцеларија „Саливен и Кромвел“, во близина на Шанзелизе, пренесува весникот „Ле Прованс“.
Истовремено, новиот претседател на клубот, Жак-Анри Еро, ја презеде должноста во тренинг-центарот на Олимпик.
По потпишувањето на договорот во Париз, Еро отпатувал во Марсеј, каде што се сретнал со вработените во клубот и со играчите.
Приоритет на Мекорт и Еро ќе биде засилување на структурата на клубот, именување нов спортски директор и директор за финансии и маркетинг.
На спортски план, Мекорт би можело да се обиде оваа зима да оствари трансфер на некој од престижните играчи и да одреди нов тренер за следната сезона.

Најнови вести