Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Волфсбург го отпушти Хекинг

Фудбалскиот клуб Волфсбург го отпушти тренерот Дитер Хекинг по лошите резултати на стартот на сезоната во Бундеслигата, пренесуваат германските медиуми.

Хекинг во неделата изгуби дома од Лајпциг РБ со 1-0 и Клаус Алофс, директорот на клубот, одлучи да ја прекине соработката. Тој е трет тренер во Бундеслигата кој оваа сезона остана без работа, по Виктор Скрипник од Вердер и Бруно Лабадија од Хамбургер.
Валеријан Исмаел, тренерот на фудбалерите до 23 години, привремено ќе ја води екипата додека не се најде нов тренер.
„И покрај одличното издание во Лигата на шампионите, не успеавме да се квалификуваме во меѓународното натпреварување минатата сезона. Реорганизацијата на екипата не ги донесе резултатите на кои се надевавме. По најновите разочарувачки настапи, одлучивме да го промениме тренерот на екипата“, изјави Алофс.
Волфсбург сезоната ја почна со доста изменет тим во однос на минатата сезона, но со амбиции да обезбеди настап во европските натпреварувања. Наместо тоа, тимот се наоѓа на 14-тото место на табелата само со шест освоени бода.

Најнови вести