Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Јувентус во Лион без Манџукиќ. Кјелини и Маркисио

Јувентус вечерва ќе игра против Олимпик во Лион, во натпреварот од третото коло на групата Х во Лигата на шампионите.

Масимилијано Алегри, тренерот на „старата дама“, нема да може да смета на Италијанците Џорџо Кјелини и Клаудио Маркисио и Хрватот Марио Манџукиќ за вечерашниот дуел во Франција. Тројцата играчи останаа во Торино, а тоа го потврди и клубот.
„Состојбата со Кјелини се следи, Маркисио продолжува да работи според планот, а Манџукиќ има повреда на мускулот. Сите тројца не отпатуваа со клубот“, стои во соопштението од торинскиот клуб.
Во екипата е 16-годишниот талентиран играч Моисе Кин, кој им се придружи на напаѓачите Гонзало Игуаин и Пауло Дибала за натпреварот со Олимпик од Лион.

Најнови вести