Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Гвардиола нуди 45 милиони за Алаба

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, почнал преговори со Баерн од Минхен околу Давид Алаба, за кого е подготвен да издвои 45 милиони евра.

Застапниците на „граѓаните“ веќе две седмици се обидуваат да склучат договор со управата на баварскиот клуб за да го доведат одличниот лев бек во јануари, пренесува англискиот „Сан“.
Гвардиола ги известил челниците на клубот дека му се повеќе од потребни засилувања на двете страни, иако често изјавуваше дека е задоволен од партиите на Александар Коларов, кој повеќе играше како централен дефанзивен играч.
Шпанскиот стручњак многу го цени Алаба, кого го тренираше во Баерн претходните три години, а Австриецот може да одговори и на позициите во редот за врска и на левото крило.
Баерн нема лесно да се откаже од Алаба бидејќи има цврст договор до 2021 година, но богатата понуда на упорниот Сити би можела да ги натера „баварците“ да размислат.

Најнови вести