Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Модриќ продолжува во Реал до 2020 година

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ги договори условите за соработка во врска со потпишувањето на новиот договор со Реал, денес потврди кралскиот клуб.

Одличниот фудбалер за врска се обврза дека на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до крајот на сезоната 2019/20, а финансиските детали на новиот договор сè уште не се познати.
„Лука Модриќ утре, во 13.30 часот ќе се појави пред новинарите“, изјавија кратко од прес-службата на Реал.
Се претпоставува дека Модриќ според примањата ќе биде на ранг на најплатените играчи на шампионот на Европа – Тони Крос, Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Серхио Рамос...
Триесет и едногодишниот Модриќ во Реал дојде во 2012 година од Тотенхем, а во кариерата играше уште за Динамо од Загреб, Зрињски и Интер од Запрешиќ.
Хрватот со Реал ги освои: Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа во 2014 и во 2016 година, Светското клупско првенство на ФИФА во 2014, Кралскиот куп во 2014 и Суперкупот на Шпанија во 2012 година.

Најнови вести