Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2016

Раниери: Горд сум и бесен во исто време

Клаудио Раниери, менаџерот на Лестер, има измешани чувства, и покрај тоа што неговиот тим со победата против Копенхаген дојде поблиску до пласман во втората фаза на Лигата на шампионите.

Шампионот на Англија триумфираше со 1-0 и има шанса уште во наредното коло да обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри тимови во Европа.
„Тоа е неверојатно за Лестер. Од една страна многу сум горд, но, од друга страна, кога ќе помислам на Премиер лигата, многу сум бесен“, изјави Раниери.
„Меѓутоа, во кариерата тоа веќе ми се случуваше. Тоа е психолошка работа. Бидејќи кога играме во Лигата на шампионите, сите посебни сили се активираат. Многу сте мудри и фокусирани во секоја ситуација. Во Лигата на шампионите се троши многу енергија“, додаде Раниери.
Лестер моментно е дури 13-ти на табелата на Премиер лигата само со осум освоени бодови.

Најнови вести