Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2016

Гвардиола: Црвениот картон беше крај

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека смета дека исклучувањето на Клаудио Браво го решило натпреварот со Барселона.

„Граѓаните“ доживеаја дебакл на „Камп ноу“ со 4-0, а Браво беше исклучен поради играње со рака надвор од казнениот простор во 53-тата минута, при резултат 1-0 за домаќинот.
„Бев разочаран со него, разочаран е, но тоа е дел од играта. Дотогаш бевме конкурентни на теренот против одличниот тим. По црвениот картон, сè беше завршено“, изјави Гвардиола.
Сити со овој пораз ја продолжи серијата натпревари без победа на четири, по два во Лигата на шампионите и во Премиер лигата.
„Секој натпревар од Селтик (почетокот на серијата со реми 3-3) е ист. И против Евертон беше вака, не погодивме два пенали. Мораме да ја промениме атмосферата“, додаде менаџерот на Сити.
„Граѓаните“ се втори во групата Ц по трите одиграни кола.
„Бевме во натпреварот, бевме тука, имавме пресинг, посед на топката, создававме шанси, но не ги користевме. Мораме да го правиме тоа ако сакаме да победуваме. Знаевме уште од почетокот дека ќе биде тешко во оваа група, сега мораме да се сконцентрираме на Саутхемптон“, изјави Шпанецот.

Најнови вести