Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2016

Мурињо: Мхитарјан подготвен да покаже што знае

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, очекува од Хенрих Мхитарјан конечно да покаже зошто е доведен. Ерменецот разочара од трансферот на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд за 35 милиони евра, а последниот натпревар го одигра на десетти септември.

Мхитарјан беше подготвен за натпреварот со Ливерпул, но Мурињо не го одведе на „Енфилд роуд“. Но, се очекува да биде во тимот за денешниот натпревар против Фенербахче во Лигата на шампионите.
„Долго беше повреден, веќе не е, тренира со тимот без ограничување. Не можам да потврдам дека ќе игра, но е подготвен конечно да покаже што може“, изјави Мурињо.
Натпреварот со Фенербахче за Јунајтед доаѓа во незгоден период, во понеделникот гостуваше кај Ливерпул, а во недела ќе игра со Челзи.
„Играме против тим кој има шанси да победи ако не бидеме добри, ако не создаваме шанси, против тим кој знае што нè чека викендов во Премиер лигата“, додаде Португалецот.
Мурињо не сакаше да го открие тимот кој ќе го изведе на стартот на натпреварот, освен дека во поставата сигурно ќе левиот бек Лук Шоу, како и дека Вејн Руни е во добро расположение без оглед на тоа дали ќе игра или не.

Најнови вести