Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2016

Барселона во проблеми: Пике и Алба во аут

Убедливиот триумф над Манчестер сити имаше своја цена. Луис Енрике не стигна ниту да ја прослави победата над Пеп Гвардиола и Манчестер сити, а веќе доби лоши вести.

Во текот на средбата од третото коло на Лигата на шампионите на „Камп ноу“ се повредија Жорди Алба и Жерар Пике.
Алба веќе подолго време има проблеми со повреди, а по натпреварот со „граѓаните“ установено е дека на теренот нема да го има во наредните две седмици.
Што се однесува до Пике, неговиот процес на закрепнување ѝ зададе уште поголем удар на Барселона. Еден од најдобрите дефанзивни играчи на каталонскиот клуб од теренот ќе отсуствува една седмица подолго од Алба, а под знак прашалник е дури и неговиот настап за репрезентацијата на Шпанија во ноември.
Пике и Алба ќе ги пропуштат натпреварите од Премиер лигата со Валенсија и со Гранада, потоа Суперкупот на Каталонија со Еспањол, како и натпреварот од четвртото коло на Лигата на шампионите со Манчестер сити на „Етихад“. Пике, за разлика од Алба, ќе ја пропушти и средбата со Севилја, која е закажана за шести ноември, а со оглед на одличната форма на тимот од Андалузија, Барса ќе има голем проблем.
Сити ќе има шанса да се реваншира за убедливиот пораз на „Камп ноу“ уште на први ноември, кога Барселона ќе гостува значително ослабена.

Најнови вести