Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2016

Мурињо: Новинари, вреди ли Погба сега?

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, ја искористи одличната партија на Пол Погба против Фенербахче за да ги повика новинарите.

Англиските медиуми во претходните седмици често го критикуваа Французинот, кој Мурињо го плати 105 милиони евра, поради слабата форма по враќањето на „Олд Трафорд“.
Но, тој синоќа беше двократен стрелец во убедливата победа од 4-1 на Јунајтед над турскиот тим, во третото коло на групата А од Лигата на Европа.
„Пред два дена, тој беше најлошиот играч во Премиер лигата, а само 48 часа подоцна тој е феноменален. Слушајте, потребно му е време. Работев во Италија, ги знам сите слабости на таа лига. Да се биде пет години најдобар во Италија, а потоа да се вратиш во Премиер лигата, не е лесно. Не ни очекував дека ќе се адаптира додека удрам со прстите. Дури и на најдобрите играчи им е потребно време“, изјави Мурињо.
Јунајтед ја дели првата позиција во групата со Феенорд со по шест бодови , Фенербахче има четири, а еден освои украинската Зорја. „Црвените ѓаволи“ во следното коло гостуваат во Истанбул, на трети ноември.

Најнови вести