Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2016

Нејмар потпиша астрономски договор

Нејмар да Силва Сантос Жуниор, фудбалерот на Барселона, го продолжи договорот на уште три сезони, што значи дека на „Камп ноу“ ќе остане до 2021 година.

Нејмар ќе добие фиксна плата од 15 милиони евра, пет повеќе отколку што заработува сега, а откупната клаузула ќе биде зголемена од 190 на 200, а од следната година на 220 милиони евра.
Тоа веројатно е премногу за ПСЖ, кој во последните месеци се споменуваше како можна идна дестинација на бразилскиот фудбалер.
Бразилскиот напаѓач во Барселона стигна во 2013 година од Сантос и веќе освои седум трофеи, од кои два во Примера лигата и еден во Лигата на шампионите.
„Навистина сум среќен што го обновив договорот, бидејќи овде се чувствувам како дома“, изјави Нејмар за ТВ Барса.
Тој одигра 150 натпревари за Барселона и постигна 91 гол – 59 во Примера лигата, 19 во Лигата на шампионите, 12 во Кралскиот куп и еден во шпанскиот Суперкуп.

Најнови вести