Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2016

Гвардиола одбраната ја засилува од поранешниот клуб

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека сака да доведе лев бек, а покрај Давид Алаба од Баерн Минхен, цел е и неговиот соиграч Хуан Бернат.

И покрај задоволителните партии на Александар Коларов, шпанскиот стручњак сепак има намера дополнително да ја засили конкуренцијата со играчот кого го водеше, но и лично го доведе во Минхен од Валенсија.
Гвардиола за офанзивниот лев надворешен фудбалер на „баварците“ подготвил понуда од 22,5 милиони евра, пренесува англискиот „Дејли експрес“.
Бернат оваа сезона не е во прв план кај новиот тренер Карло Анчелоти, одигра вкупно пет натпревари и веројатно не би имал ништо против тоа да се пресели на „Етихад“.
Потезите на Гвардиола значат дека Гаел Клиши речиси сигурно ќе стане прекуброен во јануари. На Французинот следното лето му истекува договорот, па Сити веројатно ќе се обиде да го продаде оваа зима. За него заинтересирана е Рома.

Најнови вести