Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2016

Ридигер и Стротман се враќаат во тимот на Рома

Германскиот стопер Антонио Ридигер и холандскиот играч од средината на теренот Кевин Стротман ќе се вратат во тимот на Рома.

Тие ќе му бидат на располагање на Лучијано Спалети за натпреварот против Сасуоло.
Ридигер го повреди коленото на Европското првенство и ова ќе му биде прв натпревар во новата сезона.
Стротман имаше проблеми со грбот, а повредата ја заработи исто така играјќи за репрезентацијата.
Рома има шанси ако победи да го зголеми притисокот врз Јувентус, но Спалети предупреди дека работата против Сасуоло нема да биде воопшто лесна.

 

Најнови вести