Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2016

Флоренци ги оштети предните вкрстени лигаменти, ќе паузира шест месеци

На Алесандро Флоренци, еден од клучните играчи на Рома, ќе мора да му биде извршена операција на лигаментите на коленото.

Флоренци на вчерашниот натпревар против Сасуоло ги оштети предните вкрстени лигаменти, што е една од најтешките повреди во фудбалот, и го очекува долга пауза.
Римјаните на својата официјална интернет-страница објавија дека тестовите го покажале она од коешто најмногу се плашеле, па на универзалниот фудбалер на Рома денес ќе мора да му биде извршен оперативен зафат.
Флоренци е дете и капитен на Рома, кога на теренот не се Франческо Тоти и Даниеле де Роси, а за шест сезони во првиот тим одигра 180 натпревари и постигна 24 гола.
Фудбалерите на Рома, по победата над Сасуоло во Реџо Емилија од 3-1, се наоѓаат на второто место на табелата на Серија А и имаат само два бода помалку од лидерот Јувентус.

Најнови вести