Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2016

Интер го отпушти Де Бур

Фудбалскиот клуб Интер го отпушти тренерот Франк де Бур поради лошите резултати.

Холанѓанецот во август, две недели пред почетокот на првенството, го презеде миланскиот клуб, но екипата оттогаш имаше седум порази во 14 натпревари во сите натпреварувања.
Управата на Интер минатата седмица му даде целосна поддршка на Де Бур, а екипата во неделата изгуби од Сампдорија со 0-1 и го претрпе петтиот првенствен пораз, по што сопствениците го промениле мислењето и одлучиле да го отпуштат поранешниот тренер на Ајакс.
Интер по 11 одиграни кола, се наоѓа на 12-тото место на табелата на Серија А со 14 бодови, а изгуби и два од трите натпревари во Лигата на Европа оваа сезона.
Италијанските медиуми пренесоа дека Де Бур утрово е известен за отказот, а дека тренингот го водел Стефано Веки, тренерот на младинската екипа.
Медиумите како најсериозни кандидати за тренер на Интер ги наведуваат Андре Вилаш-Боаш, поранешниот тренер на Тотенхем, и Стефано Поли, поранешниот тренер на Лацио.

 

Најнови вести