Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2016

Венгер: Големите играчи донесуваат правилни одлуки

Арсен Венгер ги пофали своите играчи по големиот пресврт во четвртото коло од Лигата на шампионите.

„Топчиите“ губеа со 2-0 во Софија од Лудогорец само по 20 минути игра, успеаја да изедначат на средината на второто полувреме, а потоа во самата завршница да дојдат до победа.
Спектакуларниот гол на три минути пред крајот го постигна Месут Озил, кој прво го лобуваше голманот, а потоа предрибла двајца играчи на Лудогорец во казнениот простор.
„Тоа е вистинската сила на големите играчи, тие донесуваат правилни одлуки кога е најтешко. Кога Месут ја шутна топката, мислев дека тоа не е најдоброто решение, но се покажа дека е. Мислев дека ни треба премногу време да постигнеме гол, но на крајот, кога играчите сепак ќе пронајдат начин да ја погодат мрежата, мораш да им кажеш браво“, изјави Венгер.
Арсенал со третата последователна победа се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, како и ПСЖ, па овие два тима во преостанатите две кола од групната фаза ќе водат борба за првото место.
Одлуката би можела да се донесе уште во следното коло, ПСЖ гостува во Лондон на 23-ти ноември.

Најнови вести