Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2016

Македонија со победа над Украина ги почна на квалификациите за ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Украина со 27:21 на стартот на квалификациите за Европското првенство и со тоа ја оправда улогата на фаворит.

Нашите ракометари рутински одиграа против украинските репрезентативци и дојдоа до очекуваните бодови на почетокот на квалификациите за Европското првенство во Хрватска.
Екипата на Лино Червар имаше одлични момент во текот на средбата, но и падови, кои не беа многу големи за да можат да влијаат врз крајниот резултат. Уште од почетокот се играше изедначено, гол за гол, но потоа Македонија го презеде водството и на првото полувреме имаше предност од 13-10.
Во вториот дел македонската екипа ја диктираше средбата, а Украинците успеаја неколку пати да дојдат до разлика од два погодоци, но не ја загрозија победата на репрезентацијата на Македонија, која на крајот славеше со разлика од шест гола, 27-21.
Најдобар поединец кај нашата селекција беше капитенот Кире Лазаров со 12 голови, Манасков постигна шест, а Талески три погодоци.

Најнови вести