Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2016

Шмајхел ја скрши раката, пауза од шест седмици

Каспер Шмајхел нема да го чува голот на Лестер во наредните шест седмици. Данецот доживеа фрактура на раката во натпреварот од Лигата на шампионите против Копенхаген.

Екипата на Лестер стана прва во историјата која во првите четири натпревари од Лигата на шампионите успеа да ја сочува својата мрежа. 
Шмајхел на голот на „лисиците“ ќе го замени Германецот Рон-Роберт Цилер, кој во текот на летото стигна од Хановер, а во младите категории беше член на Манчестер јунајтед. На „Олд Трафорд“ ја почна и професионалната кариера.
Шмајхел минатата сезона бранеше во сите 38 натпревари во Премиер лигата и ја сочува својата мрежа дури на 15. Одигра повеќе од 200 натпревари за Лестер од 2011 година, кога направи трансфер од Лидс. Летоска потпиша нов договор со клубот на пет години.

 

Најнови вести