Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2016

Интер во понеделник ќе добие нов тренер

Интер од Милано најверојатно во понеделник ќе добие нов тренер, а најрано во недела навечер.

„Нераѕурите“ пред неколку дена го сменија Франк де Бур по помалку од три месеци на клупата, а тимот во меѓувреме го води тренерот на младите селекции Стефано Веки.
Интер вчера гостуваше Саутхемптон во четвртото коло од Лигата на Европа и беше поразен со 2-1, а викендов ќе игра со Кротоне во Серија А.
Меѓу тренерите кои се споменуваат како потенцијални менаџери на Интер се: Стефано Пиоли, Луис ван Хал, Андре Вилаш-Боаш, Гус Хидинк, Марселињо.
Миланскиот гигант се наоѓа дури на 12-тото место во Калчо лигата и има 13 бодови помалку од лидерот Јувентус.

Најнови вести