Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2016

Поинаква Шпанија – само двајца од Барса, еден дебитант и тројца повратници

Селекторот Хулен Лопетеги го соопшти списокот со играчи за претстојните натпревари во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Шпанија најпрво ќе ги одмери силите со Македонија на 12-ти ноември, а потоа три дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар со Англија.
Лопетеги врати тројца играчи, Арик Адуриц, кој постигна пет погодоци во победата над Генк, но и пред тоа беше јасно дека за него има место. Тука повторно е и Хуан Мата, кој игра сè подобро во Јунајтед, како и Серхио Асенхо, голманот на Вилјареал.
Дебитант во селекцијата на Шпанија е Серхио Ескудеро, левиот бек на Севилја, кој го привлече вниманието на селекторот со одличните партии во дресот на андалузискиот тим оваа есен, иако има 27 години.
Во однос на октомвриските квалификации, на списокот на Лопетеги ги нема повредените: Пике, Алба, Хави Мартинес и Серхио Рамос, како ни Саул Нигез, играчот за врска на Атлетико, кој ќе биде на списокот на младата репрезентација за натпреварот од баражот против Австрија.
Тоа значи дека Барселона, по којзнае колку време, во репрезентацијата ќе има само двајца свои играчи - Серхио Бускетс и Серхи Роберто.

Најнови вести