Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2016

Пораз од Чешка во вториот квалификациски натпревар

Македонската ракометна репрезентација е поразена со 35-28 од Чешка, во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2018 година, кое ќе се игра во Хрватска.

Македонските ракометари уште на стартот на второто полувреме ја намалија разликата на три, но до крајот на натпреварот  Чесите го држеа резултатот под своја контрола и победија со разлика од седум погодоци.
Најдобар играч во репрезентацијата на Чешка беше голманот Мартин Галија, а најефикасен беше Јакуб Хрстка, кој даде десет гола.
Во македонскиот репрезентативен тим покрај Кирил Лазаров со осум и Дејан Манасков со шест постигнати погодоци, одлично одиграа и младите ракометари Марко Неловски и Филип Талевски.

Најнови вести