07.11.2016 Гундоган: Сити е поголем клуб од Баерн
Илкај Гундоган, фудбалерот на Манчестер сити, изјави дека неговиот клуб е поголем од германскиот гигант Баерн од Минхен.
Гундоган летоска, заедно со Пеп Гвардиола, кој беше тренер на Баерн, го напушти германскиот фудбал и дојде во Сити како големо засилување од Борусија за 27 милиони евра.
„Кога дојдов во кампот за тренинг, бев импресиониран. Ниту Баерн не може да се спореди со Сити, тотално е поинаква лига... Видов дека дојдов во светски клуб, кој сака да направи големи работи во наредните години. Притисокот е врз играчите, што е новост за мене по Дортмунд“, изјави Гундоган за германскиот „Кикер“.
Германскиот репрезентативец по проблемите со повредите на почетокот на сезоната, се смести во првата постава на Гвардиола и за тоа му возврати на најдобар начин, со голови, по два против Барселона и Вест Бромич албион.