Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Јувентус: Нови договори за Дибала и Бонучи

Пауло Дибала и Леонардо Бонучи, фудбалерите на Јувентус, би требало наскоро да ги продолжат договорите со клубот и да им се зголемат платите, пренесоа италијанските медиуми.

Бонучи наводно подолго време е желба на Челзи и на Манчестер сити, па целта на Јувентус е со зголемување на платата да гo одбие интересот на англиските клубови.
Јувентус за Бонучи подготвил годишна плата од четири и пол милиони евра, а за Дибала пет, плус бонуси.
Покрај тоа, Јувентус и понатаму е заинтересиран да го доведе францускиот фудбалер од ПСЖ Блез Матуиди.
Јувентус летоска беше многу блиску до реализација на тој трансфер, а тоа го потврди и фудбалерот. Тој изјави дека размислува само за ПСЖ, но и дека е подготвен да оди во Италија.
Според пишувањата на весникот „Кориере дела спорт“, шампионот на Италија е заинтересиран и за Џејмс Родригес, фудбалерот на Реал Мадрид.
Родригес оваа сезона почна само четири натпревари за Реал, а италијанскиот весник наведе дека тоа ќе му помогне на Јувентус, но дека проблем претставува високата плата на колумбискиот фудбалер.

Најнови вести