Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Осасуна најде нов тренер

Фудбалскиот клуб Осасуна за нов тренер го именуваше Хоакин Капарос.

Капарос на клупата на тој клуб ќе го замени Енрике Мартин, кој вчера беше сменет поради лошиот почеток на сезоната.
Тој со Осасуна потпиша договор до 30-ти јуни 2018 година, а во кариерата, меѓу останатите, ги водеше и: Гранада, Леванте, Мајорка, Атлетик Билбао, Севилја и Вилјареал.
Осасуна по 11 одиграни кола, се наоѓа на претпоследното место на табелата на шпанската Примера лига само со седум бодови.

Најнови вести