Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Лам: Можеби ќе ја завршам кариерата во 2017 година

Филип Лам, капитенот на Баерн Минхен, изјави дека би можело да ја заврши кариерата по завршувањето на оваа сезона.

Лам, кој во петок ќе наполни 33 години, изјави дека ќе престане да игра во 2018 година, кога му истекува договорот со Баерн, но сега најави дека размислува за порано пензионирање бидејќи не чувствува дека неговото тело може да ги издржи физичките напори.
„Секако дека не можам да ја отфрлам можноста на крајот на сезоната да се повлечам. Има уште седум месеци до крајот на сезоната и може многу работи да се случат. Мојата иднина не зависи од тоа колку трофеи ќе освоиме, туку како ќе се чувствувам физички. Имам договор до 2018 и не сакам да брзам со одлуката“, изјави Лам за „Билд“.
Лам потекнува и речиси целата кариера ја помина во баварскиот гигант, кратко беше на заем во Штутгарт, а во првиот тим на Баерн за 13 сезони забележа 491 настап и постигна 16 погодоци.
Освои вкупно 22 фантастични трофеи, меѓу кои осум титули на Бундеслигата и една во Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Германија одигра 113 натпревари и се повлече по Светското првенство во Бразил, кога „панцирите“ ја освоија титулата.

Најнови вести