Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2016

И Јувентус го сака Сеск Фабрегас

Јувентус, шампионот на Италија, влезе во трка со ривалот Милан и со Вест хем за Сеск Фабрегас, фудбалерот на Челзи.

На Јувентус во јануари му е неопходно засилување во редот за врска, а главна цел на управата на торинскиот клуб е Фабрегас, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Застојот во преговорите со Аксел Вицел, играчот за врска на Зенит, чиј трансфер летоска пропадна во последен час, ги натера челниците на Јувентус да се свртат кон други решенија во испразнетата средина на теренот по заминувањето на Пол Погба.
Фабрегас нема минутажа кај менаџерот Антонио Конте и практично се гледа дека Шпанецот ќе си замине во зимскиот преоден рок.
Добра работа за Јувентус е тоа што Фабрегас би можело да настапува и во Лигата на шампионите, бидејќи Челзи оваа сезона не игра во Европа.

Најнови вести