Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2016

Милан сака да го размени Бака за Џеко

„Росонерите“ сакаат конечно да го доведат Един Џеко, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, а дури се подготвени во Рим да го испратат најдобриот стрелец Карлос Бака.

Двајцата напаѓачи одлично ја почнаа сезоната, но додека Џеко продолжува да погодува во противничките мрежи, Бака западна во мала криза. Милан во претходните години веќе се обиде да го доведе Един Џеко, а сега е подготвен на Рома во замена да ѝ го даде Колумбиецот, кого летоска се обиде да му го продаде на Вест хем.
Наводно, за Бака да си замине посебно инсистира тренерот Винченцо Монтела, кој нема најдобар однос со главниот напаѓач. Но прашање е колку е Рома заинтересирана да се откаже од Џеко, кој оваа сезона игра одлично, посебно кога веќе го издржаа во минатата, кога речиси цела сезона се бараше себеси.

 

Најнови вести