11.11.2016 Нејмар подобар од Меси, Аргентина има проблеми
Фудбалерите на Бразил ја совладаа Аргентина со убедливи 3-0 во натпреварот од 11-тото коло на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија.
Бразилците во Бело Оризонте одиграа многу подобро, покажаа дека моментно се поквалитетна репрезентација од најголемиот ривал, кому не му помогна ниту враќањето на Лионел Меси по паузата од неколку натпревари.
По овој пораз, „гаучосите“ останаа на шестата позиција со 16 освоени бодови, додека Селесао е прв со 24 и е многу блиску до пласман за Мундијалот во Русија.
Првите 25 минути од натпреварот не донесоа многу возбуда – гостите имаа иницијатива на теренот, но освен ударот на Лукас Билја и одбраната на Алисон, немаше други шанси. Но, само по една минута, Кутињо на одличен начин ги израдува навивачите.
Нејмар од прва одлично му ја испрати топката на десната страна, играчот за врска на Ливерпул влезе во средината, им избега на одбранбените фудбалери и феноменално погоди во спротивниот гол.
Меси не се снајде во формацијата во која единствен партнер во нападот му е Гонзало Игуаин, еднаш слабо погодуваше од слободен удар, а натпреварот беше решен во првата минута од продолжението на полувремето. Жорже Жесус убаво го исфрли Нејмар, а најдобриот бразилски фудбалер рутински го совлада Ромеро и го постигна јубилејниот 50-ти гол во националниот дрес.
Во второто полувреме Аргентинците не успеаја да се заканат, а на средината на вториот дел Паулињо го потврди големото славење на Бразилците. Избраниците на селекторот Бауса останаа блиску до екипите кои се на позициите коишто водат во Бразил (или Русија?), најмногу благодарение на пресвртот на Перу во Парагвај. Домаќинот водеше од деветтата минута со голот на Риверос, но во продолжението Рамос, Флорес Куево и Бенитес со автоголот, им донесоа триумф на Перуанците.
Со тој пораз Перу ја пропушти можноста да ја прескокне Аргентина и остана седми со 15 бодови.
Уругвај заостанува само со еден бод зад Аргентина, по осмиот последователен триумф на домашен терен, овој пат против Еквадор, 2-1. Луис Суарес не се запиша во листата на стрелците, а неговата улога ја презедоа Коатес и Ролан.
Во натпреварот кој немаше резултатско значење, Венецуела ја декласира Боливија со 5-0, со хет-трикот на Мартинес.