Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2016

Стоперот на Барса ќе паузира до Ел Класико

Францускиот дефанзивен играч Самуел Умтити го повреди задниот дел на бутниот мускул на тренингот на репрезентацијата, па ќе паузира околу три седмици.

Поради тоа, стоперот на Барселона ќе го пропушти дербито со Шведска во борбата за првото место во групата А од квалификациите за Светското првенство.
Умтити поради паузата ќе ги пропушти и натпреварите на Барселона со: Малага, Селтик, Реал Сосиедад и Еркулес, но би требало да биде подготвен за Ел Класико со Реал Мадрид на трети декември.
Барселона го доведе Умтити летоска од Олимик Лион за 25 милиони евра, го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на коленото, а во меѓувреме забележа десет настапи.

Најнови вести