Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2016

Пресврт на Франција, за Англија Островот, Германија со осумка

Пресвртот на Франција во борбата за првото место, победата на Англија во британското дерби и осумте голови на Германија го обележаа првиот ден од четвртата рунда на квалификациите за Светското првенство 2018 година.

„Триколорите“ ја совладаа Шведска со 2-1 во дербито од групата А, иако губеа од 55-тата минута. Имаат три бода повеќе од главниот ривал во борбата за директен пласман во Русија.
Германија ја продолжи доминацијата во групата Ц декласирајќи го Сан Марино со 8-0 во гости, Полска со 2-0 во Романија го презеде челото на групата Е, додека Англија со 3-0 ја сруши Шкотска во групата Ф. Серж Гнабри постигна хет-трик на дербито во дресот на Германија, а Марио Гетце забележа две асистенции на истото место.
Англичаните со три удари со глава ја срушија Шкотска на „Вембли“, Гафуржан Сујумбајев постигна сензационален гол од околу 30 метри во поразот на Казахстан во Данска, додека Бенјамин Вербич ѝ донесе три бода на Словенија.
Во единствениот одигран натпревар од групата А вчера, Франција ја доби битката за првата позиција. Шведска има три бода помалку од Французите, а уште утре би можела да ја стигне Холандија, која би требало да слави во Луксембург. Во третиот натпревар од групата, Бугарија утре ќе ја дочека Белорусија.
Германија нема достоен ривал во групата Ц. Прва ја следи Северна Ирска, која го декласираше Азербејџан со 4-0. На тој начин Ирците се изедначија со Азербејџанците и ја делат втората позиција, а по нив доаѓаат Чесите.
Норвешка со 2-1 ја забележа првата победа во квалификациите, со која се вклучи во борбата за втората позиција.
Во групата Е, Полска го искористи киксот на Црна Гора и ја презеде челната позиција. Таа ја совлада Романија со 3-0 и со тоа го доби едниот од директните конкуренти во борбата за првите две позиции во групата. Сега Полјаците имаат пет бода повеќе од Романците.
Важен триумф, но и очекуван, оствари Данска, која со 4-1 го надигра Казахстан.
Во групата Ф, Англија на преполниот „Вембли“ ја доби битката за Велика Британија и продолжи сигурно да чекори кон Русија. „Гордиот Албион“ сурово ги казни промашувањата на Шкотите.
Најблиску до Англија е Словенија, која со одличниот гол на Бенјамин Вербич на почетокот на второто полувреме славеше на Малта, додека Словачка со 4-0 над Литванија остана во игра за втората позиција.

Најнови вести