Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2016

Нов пораз на Македонија, Шпанија со четворка нè прати дома

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 на гостувањето во Шпанија.

Шпанците беа големи фаворити во дуелот со Македонија и ја оправдаа улогата.
 Натпреварот почна со голема шанса за Македонија. Во петтата минута Дарко Велкоски биеше со глава од непосредна близина, но Давид де Хеа го одбрани неговиот удар. 
 Македонија ја имаше и втората голема шанса на стартот откако по еден корнер Горан Пандев со глава ја прати топката покрај голот на домаќинот.
По ова шпанската репрезентација ја презема иницијативата, Мората и Силва имаа убави шанси, но водството за поранешниот европски и светски шампион дојде по автоголот на Велковски.
Македонија го почна второто полувреме напаѓачки, а тоа им даде многу простор на Шпанците кои го искористија и во 63. минута преку Витоло дојдоа до предност од 2-0.
По ова Барди се обиде со одличен удар од далечина, но Де Хеа покажа дека е одличен голман и со крајни напори го одбрани шутот на младинскиот репрезентативец на Македонија.
 Во финишот од мечот Начо Монреал и Адуриз постигнаа два гола за убедлива победа на Шпанија од 4-0.
Македонија следниот натпревар во квалификациите ги игра во март на гости на Лихтенштајн во кој ја реално е да се очекуваат првите бодови.
Во другите натпревари од нашата група Италија рутински победи во Лихтенштајн со 4-0, а Израел славеше на гостувањето во Албанија со 3-0.

Најнови вести