Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2016

Фаворитите според планот во квалификациите

Фудбалските репрезентации на Бугарија, Кипар, Холандија, Унгарија и Швајцарија остварија победи во квалификациските натпревари за Мундијалот 2018 година.

Најтешко до победата дојде Бугарија, која во групата А на свој терен ја совлада Белорусија со минимален резултат 1-0.
Единствениот гол беше постигнат во десеттата минута, а стрелец беше Попов по асистенцијата на Делев. Бугарија ја оствари втората победа и е четврта на табелата со шест бодови.
Во групата А, Холандија лесно го победи Луксембург во гости со 3-1, иако на полувремето беше 1-1. Арјен Робен го постигна првиот гол во 36-тата минута по додавањето на Класен, а домаќинот сензационално изедначи со погодокот на Шано пред полувремето.
Во вториот дел немаше дилеми, а за тоа се потруди Мемфис Депај. Прво во 58-мата минута погоди за 2-1, а потоа на шест минути пред крајот ја завери победата на Холандија, која сега има седум бодови на второто место во групата.
Во групата Б, вчера попладне се одигра само дуелот во Унгарија, каде што домашниот состав беше убедлив против Андора со 4-0. Головите ги постигнаа Гера и Ланг во првото, односно Ѓурчо и Салаи во второто полувреме.
Еден натпревар е одигран и во групата Х, Кипар ја оправда улогата фаворит против Гибралтар, иако гостите изедначија на почетокот на вториот дел. Сотириу и Сиелис ја донесоа првата победа на Кипар, кој ги освои и првите бодови.

Најнови вести