Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2016

Јувентус го договори првото засилување во јануари

Фудбалскиот клуб Јувентус реши да го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок, а станува збор за Родриго Бентанкур, играчот за врска на Бока јуниорс.

Тоа го потврди и претседателот на аргентинскиот клуб, Даниел Ангеличи.
„Во следните неколку дена ќе патувам во Торино за да ги договорам условите на соработката. Договорот е тој да остане во Бока до крајот на сезоната, што е одлично. Сепак, тој во јануари официјално ќе стане нов играч на Јувентус“, изјави првиот човек на Бока.
„Старата дама“ за 19-годишниот играч за врска ќе плати 9,4 милиони евра, односно ќе ја активира клаузулата.
Уругваецот за првиот тим на Бока одигра 36 натпревари и постигна еден гол.
Ги има и тие кои не сакаат во Јувентус, барем засега, а станува збор за Тијаго Силва, фудбалерот на ПСЖ.
„Сакам нешто да биде јасно. Тој има договор до 2017 година, но тој автоматски ќе се продолжи до 2018, ако ПСЖ се избори за Лигата на шампионите. Секако дека многу клубови го сакаат Тијаго, но не сум разговарал со Јувентус“, изјави агентот на Силва.

Најнови вести