Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2016

Челзи во јануари ќе доведе засилување од Рома

Лондонскиот Челзи ќе се обиде да го искористи застојот во преговорите околу новиот договор и во јануари да го доведе Костас Манолас, одбранбениот фудбалер на Рома.

Како што се наведува, англискиот клуб го обнови интересот за грчкиот дефанзивен играч и сигурно ќе му понуди повеќе од 47.000 евра седмично, колку што се Римјаните максимално подготвени да му дадат за продолжување на соработката.
Манолас моментно е еден од најмалку платените играчи од првата постава на Рома и поради тоа бара седмична плата од 57.000 евра.
Нему договорот му истекува во 2019 година, а менаџерот Антонио Конте го сакаше летоска, но Рома одби да се откаже.
Тој е член на римскиот клуб трета сезона, во целост се афирмира во Серија А, а претходно играше за Олимпијакос, атинскиот АЕК и Трасивулос.

 

Најнови вести