Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2016

Лампард се враќа во Челзи?

Френк Лампард изјави дека го напушта Њујорк сити, со кого му истекува договорот.

Англиските медиуми пишуваат дека Лампард во јануари ќе се врати во Челзи, со кого ќе потпише договор до крајот на сезоната, што делува реално со оглед на тоа што играчот за врска има 38 години.
Лампард е легенда на Челзи, со 211 постигнати голови е најдобриот стрелец во историјата на клубот.
Во 2014 година направи трансфер во Њујорк сити, франшизата на Манчестер сити, во којшто првата година ја помина на заем.

Најнови вести