Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2016

Ивановиќ ќе го реши проблемот со десниот бек на Барселона?

Цел на Барселона во претстојниот јануарски преоден рок ќе биде и Бранислав Ивановиќ, капитенот на репрезентацијата на Србија, пренесува „Мундо депортиво“.

Весникот близок на тој клуб традиционално има сигурни информации од „Камп ноу“, а сега тврди дека Ивановиќ би можело да направи трансфер од Челзи во Барселона.
Барселона мора да доведе десен бек, бидејќи направи грешка со ангажирањето на Алеиш Видал од Севилја минатата година.
Тренерот Луис Енрике на таа позиција го има уште само Серхи Роберто, поради што сака да го реши горкиот проблем.
Шампионот Шпанија, покрај Ивановиќ, ја разгледува и можноста да го доведе Дарио Срна, неодамнешниот капитен на репрезентацијата на Хрватска, од Шахтар.
Ивановиќ има 32 години и две години е помлад од Срна. Антонио Конте, тренерот на Челзи, не смета на српскиот дефанзивен играч, а во Барселона веруваат дека не би имале проблеми да дојдат до потписот на Ивановиќ.
Доаѓањето на кој било од овие двајца искусни фудбалери би претставувало преодно решение до следното лето, кога Каталонците имаат намера од Валенсија да го купат португалскиот десен бек Жоао Кансело.

Најнови вести