Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2016

Венгер: Не играме против менаџерот, туку против тимот

Паузата од две седмици помина, а во сабота нè очекува големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал.

Арсенал патува на „Олд Трафорд“, а пред важниот натпревар Арсен Венгер и понатаму се мачи со повредите на играчите.
„На Белерин не можеме да сметаме барем уште две седмици. Се повреди буквално во последните десет секунди од натпреварот против Тотенхем. Го нема ниту Касорла. Тој сè уште не тренира и не знам кога ќе се врати“, изјави Венгер.
„Немаме многу новости за Алексис. Сè уште е рано, ќе одлучиме 24 часа пред натпреварот, бидејќи тоа така се прави. Алексис тренира и изгледа добро, но мора да го видам утрото пред натпреварот. Она што морам да го земам предвид е ризикот од повреди, бидејќи закрепнува од повредата на препоните, но ќе видиме, секогаш многу зависи и од самите играчи и од тоа како се чувствуваат“, изјави менаџерот на Арсенал на прашањето дали Алескис Санчес ќе игра на „Олд Трафорд“.
На конференцијата на новинарите имаше прашања и за односот меѓу двајцата менаџери и за односот на Венгер со Жозе Мурињо. Венгер кратко и јасно изјави:
„Не играте против менаџерот. Играте против екипата која тој ќе ја изведе на теренот. Тоа е многу важна работа“.

Најнови вести