Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2016

Анчелоти има проблеми пред своето прво дерби со Дортмунд

Фудбалерите на Баерн Минхен денес гостуваат кај најголемиот ривал Борусија Дортмунд, а Карло Анчелоти има кадровски проблеми и мора да најде други решенија.

Италијанскиот стручњак на конференција за медиумите изјави дека тројца играчи дефинитивно се надвор од редовите, додека двајца се под знак прашалник.
„Тројца играчи нема да играат денес, тоа се: Хави Мартинес, Арјен Робен и Кингсли Коман. Ќе видиме на последниот тренинг колку се подготвени Артуро Видал и Даглас Коста, бидејќи не сакаме да ризикуваме со нив по долгиот и напорен пат. Робен има помал проблем и веќе следната недела би требало да биде во тимот“, изјави Анчелоти.
И Борусија има кадровски проблеми пред овој дуел. Според последните наводи, Марко Ројс, крилниот фудбалер на екипата од Дортмунд, доживеал повреда на тренингот и ќе го пропушти дербито на 11-тото коло против Баерн Минхен.
Сè уште со сигурност не се знае колку ќе отсуствува Ројс од теренот, во прашање е повреда на петата, но сосема е сигурно дека е доволен пех за екипата на Томас Тухел што нема да го има во дербито.
Натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен на програмата е денес од 18.30 часот.

Најнови вести